Тенискиот рекет со кој Новак Ѓоковиќ го освои првиот гранслем-трофеј на Ролан Гарос во 2016 година е продаден за 107.452 долари. Ова е најголема сума дадена за тениски рекет досега.
Ѓоковиќ по триумфот над Енди Мареј во 2016 година во финалето на Ролан Гарос, рекетот го фрли на трибините и заврши во рацете на Еби Доерти.
https://twitter.com/NoiseAlerts/status/1731503663636713715?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1731503663636713715%7Ctwgr%5E0c53219cc1c47b983cb9097ca43370139927715f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportskacentrala.com%2F2023%2F12%2F04%2Fpao-rekord-dokovicev-reket-prodat-za-ogromnu-cifru%2F
„Сè изгледаше како забавена снимка. Новак го фрли рекетот кон публиката и „леташе“ право кон нас. Рекетот ме погоди во раката и падна, но веднаш го згазив со ногата и го зедов. Подоцна се обидов да дојдам до Новак за да ми го потпише рекетот, но не успеав“, зборуваше Доерти во 2016 година.
Ѓоковиќ со триумфот над Мареј во финалето стана првиот човек по Род Лејвер од 1969 година, кој во исто време бил победник на сите четири гранслем-турнири.
„Продажбата беше тешка одлука. Имав фантастичен сувенир, но сиве овие години само ми стоеше во ормарот“, рече Доерти.