Реконструкција на летот на хеликоптерот на Коби, последните секунди страшни (Видео)

Светот особено кошаркарскиот, го оплакува Коби Брајант, а на две недели по неговата трагична смрт на кошаркарот и уште осум лица меѓу кои и ќерка му, не е утврдена причината за падот на хеликоптерот, но направена е симулација на летот.

Проблем за истрагата е што во хеликоптерот немало црна кутија која ги снима податоците за летот, ниту аларм за предупредување дека се блиску до земја. Тоа ја отежнува истрагата, но сите најави се дека немало проблем со моторот. Не се знае дали пилотот летал „на памет“ и според она што ги гледал пред себе или ги следел инструментите. Но според оваа симулација, хеликоптерот многу нагло се наведнал и со брзина од околу 300 километри на час се заби во земја.

Многумина сметаат дека главен проблем била маглата, тоа утро над Лос Анџелес било забрането да се лета, и летале пониско од потребното.

Погледнете како изгледал летот од полетувањето до катастрофата:

- Оглас -

Најнови вести