Реконструкцијата на „Камп Ноу“ ќе ја прави турска фирма која има мега објект во Скопје!

Бордот на директори на Барселона, го одобри турски „Лимак“ како компанија која победила на тендерот за реконструирање на најголемиот стадион во Европа, „Камп ноу“.

„Лимак“ е добро познат и во нашата јавност, има луксузен хотел во центарот на Скопје, гради и мултифункционален комплекс, а неговиот основач Нихат Оздемир, е петти најбогат Турчин. Лани, Оздемир и Жоан Лапорта седеа блиску еден до друг во ложата на стадионот на Галатасарај. Тогаш Оздемир беше претседател на турската фудбалска федерација.

Градежните работи на „Камп ноу“ ќе почнат во јуни. Во следната сезона, Барса како домаќин ќе игра на олимпискиот стадион „Монжуик“. Враќањето на „Камп ноу“ се планира за октомври 2024, но само две третини од капацитетот ќе бидат на располагање. Целосно реновиран и покриен, со 105.000 седишта, „Камп ноу“ ќе биде во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести