Земјата која е актуелен светски првак во фудбал, Аргентина, на претстојното Светско првенство кое ќе се игра летово во САД, Мексико и Канада, ќе има дури тројца свои судии, а рекордот ќе го дели со Бразил кој истотака ќе има тројца судии.
Иако ФИФА официјално уште ја нема објавено листата на официјални лица за Мундијалот, во повеќе светски медиуми се појави списокот со 52 главни судии кои ќе делат правда. На листата нема македонски судија, што и не е изненадување.
Прв пат во историјата ќе има три аргентински и бразилски судии на едно Светско првенство. Иако земјите обично имаа еден до двајца судии на СП во претходните изданија, овој пат ФИФА реши да повика дури по тројца судии од Аргентина и Бразил. Од Европа, само Франција и Англија ќе имаат по двајца судии, другите земји меѓу кои и Шпанија, Германија и Италија, по еден.

