Рекорд: Четворица италијански тренери во нокаут фазата

Италија со гол во 98 минута се спаси од пораз во дуелот со Хрватска во третото коло од групната фаза, а Аѕурите сега секако се меѓу фаворитите и за највисок пласман. Искусниот стратег Лучано Спалети од клупата секако дека е адут за Аѕурите, но интересно е дека на овој турнир доминираат италијанските тренери, па на ЕП беа и Џузепе Роси, Франческо Калцона, Доменико Тедеско и Виченцо Монтела.

Досега никогаш немало повеќе од тројца селектори од една земја, а во Германија имаше петмина, од кои дури четворица ги одведоа своите селекции во нокаут фазата. Покрај Италија со Спалети, во осминафиналето се и Турција со Монтела, Белгија со Тедеско и Словачка со Калцона. Единствено Роси со Унгарија не успеа да влезе меѓу 12-те најдобри.

Во историјата на ЕП и Светските првенства никогаш претходно немало дури четворица селектори од една земја. По три пати имало по тројца селектори во нокаут фаза. Во 2010 година на Мундијалот во Јужна Африка, аргентинските тренери Марсело Биелса, Тата Мартино и Диего Марадона го водеа своите екипи до нокаут фазата. Четири години подоцна повторно на сцена беа Аргентиците и тоа Сампаоли, Сабела и Пекерман кои со националните селекции кои ги предводеа ја поминаа групната фаза. Еднаш имало и тројца германски тренери кои играле во нокаут фаза на големо натпреварување и тоа Јирген Клинсман, Отмар Хитцфилд и Јоаким Лев.

Сега италијанските тренери поставија рекорд и прв пат четвроица стратези од иста земја ќе бидат на клупата на наионални селекции кои се дел од нокаут фаза.

- Оглас -

Најнови вести