Рекорд: Матеу Лахоз покажа осум жолти картони за 26 минути!

Еден од најпознатите шпански фудбалски арбитри, Антонио Матеу Лахоз, денеска на натпреварот Хетафе – Мајорка покажа дури осум жолти картони во првото полувреме, и тоа од 19-та до 45-та минута.

Вистинско шоу имаше во 40-та минута, кога после една мешаница, им покажа жолти картони на дури пет различни фудбалери.

Мечот во Мадрид уште е во тек, резултатот е 1-0 за Хетафе, стрелец беше Мајорал на десетина минута пред крајот. Лахоз покажа и еден црвен картон, досуди и пенал за Хетафе, кој Енес Унал не успеа да го реализира при 0-0.

- Оглас -

Најнови вести