Рекорд во македонскиот футсал: Шкупи даде дури 37 гола!

Актуелниот македонски шампион во футсал, Шкупи, денеска испиша историја забележувајќи го највисокиот триумф во македонскиот клупски футсал со првенствената победа од 37-0 над Кратово. Најефикасен поединец на мечот во салата „Енвер Идризи“ беше поранешниот македонски репрезентативец Зоран Левески дури со 15 голови.

Досега највисока победа во македонското првенство во футсал беше онаа на Гемиџии, од 34-3 во сезоната 2010/11 против тимот на Илинден.

Освен Левески, кој даде 15 погодоци, Шабани беше стрелец на седум гола, Чека даде шест, Мемеди и Сотировски по три, Фазлиу и Димовски по еден, а еден од головите беше автогол.

- Оглас -

Најнови вести