Во дербито од 24-тото коло во шпанското фудбалско првенство за жени меѓу Атлетико Мадрид и Барселона испишана е историја. На средбата која се одигра на „Ванда Метрополитано“ присуствуваа 60.739 гледачи, што е рекордна посетеност на еден меч во женскиот фудбал.
Средбата ѝ припадна на Барселона со конечен резултат од 2-0, но Атлетико и натаму е на врвот со 66 бода, три повеќе од нивниот денешен противник.
Претходно овој рекорд во модерниот женски фудбал го држеше дуелот меѓу Монтереј и Тигрес во Мексико, дури 51.000 навивачи беа присутни, додека во Шпанија до пред дуелот на водечките екипи, најпосетениот натпревар беше на „Сан Мамеш“ меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, со 48.000 гледачи.
Сепак, овој рекорд не е ниту блиску до поставениот во 1999 година, ако се гледа севкупно во историјата. Во финалето од СП за жени, дуелот меѓу САД и Кина го гледале дури 90.000 навивачи.