Наградниот фонд на годинешниот тениски гранслем-турнир Вимблдон ќе биде рекорден, 50 милиони фунти, а победниците во сингл во машка и женска конкуренција ќе добијат дури по 2,7 милиони фунти, што е околу 3,2 милиони евра.
Лани вкупниот награден фонд беше 44,7 милиони фунти, а победниците добиваа по 350.000 фунти помалку.
Самото учество во првото коло вреди 60.000 фунти. Турнирот кој го нарекуваат неофицијално светско првенство во тенис на тревната подлога почнува на 1 јули и ќе трае до 14.