Сакраменто кингс изненади на гостувањето кај ЛА клиперс со триумфот од 103:124. Гостите во емотивниот меч во „Стејплс центарот“ поставија нов рекорд на франшизата со реализирана 21 тројка од вкупно 41 обид, што е за една тројка повеќе од досегашниот рекорд кој Кралевите го поставија во 2019 година.
Клиперси за овој меч не сметаа на Кавај Ленард, додека Пол Џорџ речиси и да не се забележа на теренот со неговите скромни 8 поени. Д‘Арон Фокс одигра меч за паметење и реализира 34 поени, најмногу во неговата кариера, а имаше и 8 точни додавања.
Останати резултати од НБА-лигата:
Кливленд – Торонто 109:115, Вашингтон – Шарлот 121:107, Атланта – Филаделфија 127:117, Бостон – Голден стејт 119:104, Денвер – Јута 106:100.