28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Рекорден трансфер во женскиот фудбал – 1,5 милиони долари!

Орландо Прајд од Националната женска фудбалска лига во САД објави дека потпишале договор со мексиканската напаѓачка Лизбет Овале за трансферна сума од 1,5 милиони долари која претставува светски рекорд во женскиот фудбал.

Само пред еден месец, освојувачите на женската Лига на шампиони, Арсенал, ја купија канадската напаѓачка Оливија Смит од Ливерпул за 1 милион фунти, а сега Орландо за Овале плати нешто повеќе и тоа е нов рекорд.

Таа во претходните осум сезони играше за Тигрес, од каде заминува како најдобар стрелец на клубот на сите времиња. Позната како Ла Мага (Волшебничката) Овале постигна 136 гола и имаше 103 асистенции во 294 настапи за Тигрес.

Инаку сумата од 1,5 милиони е светски рекорд кај дамите, но не е ништо посебно во машкиот фудбал каде уште во 1979 година првпат беше платена милионска отштета, а рекордот е 222 милиони евра колку што плати ПСЖ за Нејмар во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести