Рекордери се по бројот на титули, двапати беа и европски прваци и никој не сака да им биде тренер

Бенфика има неочекуван проблем и не може да си најде тренер за да ја заврши сезоната, а доби три „корпи“ од три познати стратези.

Најпрво понудата на популарните Орли ја одби Жорж Жесус, кој им беше тренер шест сезони од 2009 до 2015. Човекот што немаше многу среќа со Бенфика и во иста сезона во последен миг ја загуби титулата од Порто во домашното првенство и потоа и пехарот во Лигата на Европа на УЕФА во дуелот со Челзи не сака да се врати на кормилото на 37-кратниот португалски првак.

Бенфика е и двоен европски првак, има огромен рејтинг во европскиот фудбал, но тоа не му значеше многу ниту на Маурисио Покетино. И тој ја одби понудата на моментно второпласираната екипа во Примеира за да го наследи Бруно Лаже.

Португалските медиуми денеска објавија дека за кормилото на Бенфика не е заинтересиран ниту Унаи Емери, со што продолжуваат маките и потрагата на португалскиот гигант по решение за наследник на Бруно Лаже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести