Рекордерот Бразил е прв во историјата на Мундијалите што ги искористи сите 26-мина фудбалери (Фото)

Бразилците газат моќно кон рекордната шеста светска круна, а веќе поставија нов рекорд и историски подвиг со бројот на играчи кои настапиле на ист шампионат.

Сите 26-мина фудбалери, вклучувајќи ги и трите голмани што ги вклучи во составот селекторот Тите, имаат минутажа на Мундијалот во Катар и тоа се случува за првпат во историјата на Светските првенства.

Вечерва во победата од 4:1 против Јужна Кореја шанса да брани околу 15-тина минути доби и третиот голман Вевертон, па со него сите 26-мина што се во Катар кај Бразилците добија шанса да настапат.

Кариоките ќе играат против Хрватска во четвртфиналето во Катар во петок.

 

- Оглас -

Најнови вести