Кристијано Роналдо, по којзнае кој пат е херојот на Манчестер јунајтед, а денеска против Норвич ги постигна сите три погодоци во победата од 3:2 во мечот од 33-то коло од Премиер лигата.
Португалецот, најпрвин стрелаше во седмата минута, по асистенцијата на Еланга, додека по втор пат погоди во 32-та минута.
И кога се чинеше дека ќе биде лесна победата над фенерџијата, на сцена стапи Хари Мегвајер кој што беше (ин)директен виновник за израмнувањето. Норвич со погодоците на Кјеран Дауел (45+1′) и Темо Пуки во 52-та дојде до израмнување од 2:2.
А имаше и неколку шанси за комплетен пресврт, кои што беа одбранети од Давид Де Хеа.
Во 76-та минута, Роналдо по трет пат стапи на сцена, сега со гол од слободен удар, кој што беше неодбранилв за голманот на Норвич. Со тоа, Португалецот дојде до 60-от хет трик во кариерата, стана и најстариот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој има дадено 15 погодоци.
Со новите три бода, Манчестер сега има 54 бода и се наоѓа на делба на петтото место со Арсенал, кој што пак, загуби од Саутемптон од 1:0. Тотенхем кој исто така загуби од претходно од Брајтон е на местото број четири со 57 бодови.
le coup franc de Cristiano Ronaldo pic.twitter.com/CAY8EV7Ad5
— Kantinho (@Patauge1) April 16, 2022
ПРЕМИЕР ЛИГА
Манчестер јунајтед – Норвич 3:2
Саутемптон – Арсенал 1:0
Ватфорд – Брентфорд 1:2