Еден од најдобрите тенисери во историјата и рекордер по бројот на освоени титули на Вимблдон, Роџер Федерер, само три години откако и официјално се пензионираше, влезе во друштвото на милијардерите.
Швајцарските тенисер со тоа стана првиот неамерикански спортист на чие конто има цифра од десет бројки. Според „Блумберг“ богатството на Федерер се проценува на 1,2 милијарди евра.
Федерер во текот на кариерата заработи „само“ 120 милиони евра, но остатокот од оваа сума се должи на многубројните спонзорски договори, но и паметното инвестирање на заработените пари.