Рекордерот останува во Наполи до 2022 година

Дрис Мертенс стави потпис на нов договор со Наполи, според кој Белгиецот ќе се задржи на „Сан Паоло“ до 2022 година. На клупскиот рекордер по бројот на погодоци му истекуваше договорот по крајот на овој месец, па наместо преселба, тој одлучи да остане во Неапол во наредните две години.

Искусниот белгиски офанзивец изминатиов период се поврзуваше со преселба на „Џузепе Меаца“, Интер силно загриза да ги добие неговите услуги, меѓутоа Мертенс, на радост на навивачите, и во иднина ќе му биде соиграч на Елиф Елмас.

Од 2013 година па наваму, Мертес запиша 310 настапи, во кои реализира 122 погодоци и моментално е прв стрелец во историјата на Наполи.

https://twitter.com/sscnapoli/status/1273255623849840640

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести