Рекордерот по бројот на трипл-дабл во НБА прошета облечен во фустан

Расел Вестбрук е еден од најдобрите играчи на НБА во изминативе десетина години. Само пред неколку месеци, Вестбрук успеа да се запише во историјата на НБА-лигата како играч со најмногу трипл-дабл мечеви во историјата.

Освен на кошаркарскиот терен, плејмејкерот е познат и по неговиот екстравагантен стил на облекување. На последната модна недела во Њујорк, Вестбрук ги надмина сите очекувања. Тој ја офарба косата и позираше облечен во џемпер и сукња. На нозете имаше високи црни чизми.

Вестбрук летово направи трансфер од Вестбрук во Лос Анџелес лејкерс и ќе се обиде да стигне до првата титула во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести