Кристијано Роналдо со капитенската лента ќе ја предводи Португалија против Македонија на „Драгао“ во Порто на 29 март, во големата битка за пласман на Мундијалот во Катар.
Светскиот рекордер со 115 погодоци за репрезентацијата на Португалија, што е уникатен ефект во историјата на фудбалот, има цела мапа од држави, 46 на број, на кои им дал најмалку еден гол, но на неа ја нема Македонија.
Нашата одбрана, која одигра фантастично во Палермо и не прими гол од актуелниот европски првак Италија во сензационалната победа од 1:0, ќе се обиде да го сопре и Роналдо.
Тој има два настапи досега против нас и не успеа да постигне погодок.
Во 2003 година Луис Фиго на пријателски меч во Лозана, Швајцарија, ни даде гол во победата на Португалија од 1:0, а играше и Кристијано.
Пред 10 години во Леирија го игравме и вториот пријателски меч со Португалците, а и тогаш играше Роналдо и не ни ја затресе мрежата во меч што заврши без голови.
North Macedonia could become the 47th National team against which Cristiano Ronaldo scores.
Of course, we maintain humility. pic.twitter.com/s1iaaiScPF
— King of Madeira (@ram_arslfc8) March 27, 2022
Португалците и Кристијано се надеваат на трета среќа, но Муслиу и Велковски, пред сè, треба да го неутрализираат опасниот стрелец да остане тивок на „Драгао“ во вторник и Македонија да направи единствен подвиг и со две победи против двата последни европски шампиони да си го трасира патот кон Катар на прв Мундијал во нашата фудбалска историја.
Листа на земји против кои Роналдо постигнувал голови: