Рекордерот се врати во Првата лига и продолжи да „решета“ во негов стил (видео)

Бесарт Ибраими ја предводеше Струга до сигурен триумф од 3-0 над Победа на стартот од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија.

Рекордерот летово се врати во домашното првенство по авантурата во Грција, и веднаш продолжи во негов стил да ги решета мрежите.

Голот на Ибраими за 1-0 можете да го видите ТУКА.

Со два од трите погодоци на мечот, Ибраими го надгради својот рекорд на 170 гола во Првата лига, а ги постигна пред истекот на првото полувреме, односно во 63-тата минута. Конечните 3-0 ги постави Јусуфи пред истекот на регуларните 90 минути.

Голот на Ибраими за 2-0 можете да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести