Рекордерот во макбаскетот добротворно типува за Sport Life

Како редовен клиент на Sport Life обложувалници, Будимир Јоловиќ се приклучи на хуманитарната акција и го состави добротворниот тикет за претстојниот викенд. Добротворниот тикет составен од 20 парови кој има потенцијална добивка од околу 1.400 евра, односно 87.041 денари, е неговиот рецепт за добивки, вели дека така најчесто се обложува на долгометражни тикети кои знаат да бидат успешни во одредени случаи.

Легендата на македонската кошарка своевремено како член на Карпош соколи на 48 години делеше лекции на паркетите низ земјата. Неговиот рекорд како најстар кошаркар во Првата лига на Македонија тешко дека ќе биде урнат, ниту пак ќе се дочека некој на 44 години да биде прогласен за МВП во едно куп-финале во Македонија. Јоловиќ го стори тоа на 44 години со тогашниот Николферт, кога во 2001 година го освои Купот со гостиварскиот тим против Работнички.

„Искрено, не се сеќавам која година беше, но да, јас сум најстариот кошаркар во Првата македонска лига. На 48 години играв за Карпош соколи, а исто така сум најстариот МВП во Купот на Македонија. Со Николферт го освоивме Купот во 2001 година против Работнички, тогаш имав 44 години. Водев спортски живот за разлика од останатите, но и доцна се активирав во кошаркарката. Дури на 18 години почнав да тренирам, па можеби и затоа се задржав толку долго“, вели Јоловиќ.

Како што кажа, спортскиот начин на живот многу му помогна на Јоловоиќ да биде активен кошаркар на таа возраст, но и фактот што подоцна почнал да тренира, му се продолжил играчкиот век. Како редовен обложувач и активен следбеник на меѓународниот фудбал, Јоловиќ се потпре на најатрактивните лиги, па со сигурни коефициенти се обиде да го состави потенцијалниот прв добитен тикет во добротворната акција.

„Поради што редовно следам фудбал, и обложувањето се наметна како хоби. Често знам да составам тикет токму како овој сега во Sport Life. Со оглед на моменталната ситуација, не ни останаа многу работи освен да се седи дома и да се следат фудбалските натпревари. Омилен тим не можам да издвојам, ги следам речиси сите подобри екипи, а од лигите најсимпатична ми е англиската Премиер лига. Знам и да типувам на мечеви од Евролигата, но моментално европската кошарка не може да се истакне поради веќе познатата ситуација“, додаде Јоловиќ.

Будимир стави акцент на фаворитите од најинтересните фудбалски првенства во Европа, a тикетот го заврши со дуели од јапонскиот шампионат. Двојни шанси, игра на голови и класични фиксови е визијата на Јоловиќ за вкупна потенцијална добивка од 87.041 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести