Рекорди и репризи на Баерн – Нова петарда за П’лзењ со која го минаа и Реал, последниот пораз дома им е кога Мусијала имаше 10 години

Баерн Минхен пак ја декласира Викторија П’лзењ со 5:0 вечерва во Минхен, исто како и пред 9 години, а токму толку време, 9 години Баварците се непоразени на домашен терен во Лигата на шампионите.

Репер им е најмадиот играч во тимот, Џамал Мусијала, кој е бисер во составот на Баварците, а денеска постигна гол, но му беше поништен поради мал офсајд.

Баерн нема пораз на домашен терен во Лигата на шампионите од 2013 година, кога Манчестер сити ги победи со 3:2.

Интересно, мерка за успех им е токму Мусијала, кој имаше 10 години кога англискиот тим како последен успеа да го победи Баерн Минхен на „Алијанц арената“.

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1577345227622432780?s=20&t=jzmR-R6OxfTX-iTiw4C4fQ

Покрај репризата што ѝ ја приредија на Викторија П’лзењ денеска со нова петарда, Баварците станаа и рекордери во Лигата на шампионите со 31 меч без пораз во групната фаза.

Досега го делеа рекордот со Реал Мадрид со по 30 натпревари без неуспех во групната фаза во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести