Рекордна победа на Црвена ѕвезда во Евролигата, „настрада“ Панатинаикос (ВИДЕО)

Црвена ѕвезда со победата над Панатинаикос од 81:48 дојде до најубедливиот триумф во својата Евролигашка историја.

Српскиот тим имаше маестрална вечер во „Пионир“, каде што на крајот славеа со предност од 33 поени, со што го подобрија ланскиот рекорд над Баерн Минхен од плус 30 поени.

Ник Волтерс со 18 кошеви беше предводник на домаќините кои дојдоа до третата победа по осум одиграни кола.

ЦСКА Москва и Фенербахче одиграа доста интересен натпревар, каде што победата замина кај турскиот тим со 82:91, а најефикасен на оваа средба беше Виктор Клајбурн со 26 уфрлени поени.

 

ЕВРОЛИГА

Црвена Звезда – Панатинаикос 81:48

ЦСКА Москва – Фенербахче 82:91

Милано – Барселона 75:70

Лион – Уникс Казан 85:82

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести