Во осмото коло на Спортска прогноза преостанаа да се одиграат 10 натпревари, а според прогнозите на рекордниот број на учесниците потенцијалниот тикет носи исклучително висок коефициент од 11.474.
Рекордни 1.795 прогнозери учествуваа во осмото коло, а според нивните типувања само еден меч носи квота од 1.90, сите останати се над 2.
Победи на домаќините Сент Етјен, Ремс, Херта, Рома, Валенсија и Фулам прогнозираа учесниците, како и „кец“ во големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, во кое 65% од прогнозерите веруваат во триумф на Црвените ѓаволи.
Единствената „двојка“ е Евертон на гости кај Њукасл, додека има и два потенцијални „иксови“ во дуелите меѓу Лил и Лион, односно Лидс и Лестер, последниот меч од осмото коло кој е предвиден за понеделник навечер.
Прогнозерски тикет: