Рекордниот број на прогнозери составија тикет со одлична квота 273

На половина од 26-тото коло на Спортска прогноза, односно седумте дуели кои треба да се одиграат денеска прогнозерите составија тикет со висок коефициент од 273.25. Рекордниот број на учесници во ова коло, вкупно 1.418, ги потенцираа своите типови преку кои може да се дојде до убава заработка доколку паровите се одиграат според нив.

Во прв план е градското дерби во Манчестер меѓу Јунајтед и Сити кое ќе се одигра на „Олд трафорд“, а 51,5% од прогнозерите типуваат победа на гостинскиот состав на Пеп Гвардиола. Со голема верба во Енис Барди се типува кец на Леванте во дуелот против Гранада, победа на домаќините се очекува и во мечевите Челзи – Евертон, Сент Етјен – Бордо и Мајнц – Фортуна Дизелдорф.

Потенцијалниот тикет почнува и завршува со “икс”, односно се очекува реми на средбите Валјадолид – Атлетик Билбао и Лил – Лион. Кој сака нека се обиде да се обложи, и минимален влог може да донесе убава добивка и да го крене расположението во овој врнежлив викенд.

Валјадолид – Атлетик Билбао X (2.80)

Челзи – Евертон 1 (2.0)

Сент Етјен – Бордо 1 (2.25)

Леванте – Гранада 1 (2.05)

Манчестер јунајтед – Манчестер сити 2 (1.75)

Мајнц – Фортуна Дизелдорф 1 (1.95)

Лил – Лион X (3.10)

- Оглас -

Најнови вести