Ремек дело на Исак, го „измеша“ дефанзивецот на Косово и даде магичен гол (ВИДЕО)

Шведска со убедливи 3:0 го совлада Косово, во рамките на квалификациската група „Б“ за СП во Катар.

Без поголеми маки, „викинзите“ се радуваа на домашен триумф и тоа со погодоците на Форсберг во 29. минута од пенал, Исак (62′) и Кваизон (79′). Осбено убав беше тој на Александр Исак, кој ја „измеша“ одбраната на Косово, па постигна магичен гол, со кој го потврди својот талент.

Тој во моментов настапува за Реал Сосиедад и е еден од најдобрите играчи на овој тим, но, доколку продолжи со ваквите претстави тешко дека ќе може да го задржат.

 

- Оглас -

Најнови вести