Барселона се враќа со големи три бода од гостувањето во главниот град на Баскија, Билбао. „Каталонците“ со минимални 0-1 го добија мечот против Атлетик и тоа пред се благодарение на ремек-делото на Ламин Јамал во 68-мата минута.
18-годишниот офанзивец на Барселона се проби по десната страна, влезе во шеснаесетникот и биеше со левата нога, а топката од стативата се одби во мрежата на Симон.
„Каталонците“ со овие три бода се вратија на +4 пред Реал Мадрид на врвот од табелата во Ла Лига.

