Ремек-дело на Скот Мектоминеј: Неапол гори, Наполи е на чекор до титула (Видео)

Наполи има водство од 1-0 по првото полувреме од дуелот против Каљари на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, во последното коло од Серија А. Скот Мектоминеј постигна фантастичен гол со ножички 42-та минута и го донесе Наполи на само 45 минути од прослава на шампионската титула.

Интер исто така има водство од 0-1 на гости против Комо, со голот на Стефан де Фрај во 20-тата минута од мечот. Комо игра и со десетмина, откако ветеранот Пепе Реина доби црвен картон во последниот меч во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести