(6126) Ерменија – Македонија (18ч)
Како што е познато, селекторот Игор Ангеловски нема да смета на доста клучни играчи, како Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Димитриевски, како и суспендираните Николов и Спировски, но и без нив Македонија ќе атакува на поволен резултат во Никозија. Во директен дуел против Ерменија ќе се игра за освојување на првото место во групата, кое носи влез во Сегментот Б од Лигата на нациите, но воедно и пласман во плејофот за Светското првенство 2022.
Историската победа над Грузија, но и последната над Естонија треба да бидат доволен мотив за комбинираните Рисови да извојуваат најмалку реми за да останат на чело во групата 2.
Македонија доби два од последните три дуели против Ерменија со 2-0 и 2-1, но болен е поразот 1-4 претрпен во Ереван, а сега улогата на домаќин нема да им важи на Ерменците бидејќи се игра на неутрален терен на Кипар. Исто така треба да се знае дека во ерменската репрезентација од утрово владее хаос, има позитивни случаи на ковид-19, па Капарош остана со 19-мина фудбалери на располагање.
Предлог тип: X2 & 2>1 (3.55)
(6105) Белгија – Данска (20:45ч)
Во директен дуел Белгија и Данска ќе го одредат патникот во плејофот од Лигата на нациите од Сегментот А. Белгија е лидер со 12 бода во групата 2, Данска има два бода помалку и се чини дека Црвените ѓаволи ќе ја оправдаат фаворитската улога.
Данците во последни моменти против Исланд изборија победа со пеналот на Ериксен, па затоа се најдоа во оваа битка. На домашен терен го загубија првиот меч против Белгија, кој беше прв меѓусебен по пауза од две децении. На селекторот Мартинес му недостасува само Еден Азар, додека другите ѕвезди му се на располагање, па затоа Белгија предводена од Де Бројне, Лукаку, Мертенс ќе биде пресилна за Данска.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.18)
(6106) Босна и Херцеговина – Италија (20:45ч)
Босанците си ја дознаа судбината по поразот од Холандија, следната сезона ќе играат во Сегментот Б, додека Италија е таа која треба да слави вечерва во Сараево за да го освои првото место во групата 1.
Иако БиХ издвои реми при првата средба во Фиренца, се чини дека Аѕурите нема да потфрлат во својата мисија, ако се знае дека веќе две години и два месеци немаат претрпено пораз. На последното гостување во Босна, Италија славеше со убедливи 3-0, oд стрелците на головите вечерва ќе го нема само Белоти.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.77)
(6107) Aнглија – Исланд (20:45ч)
Англија ќе игра за престиж и преболување на разочарувањата од Белгија и Данска, додека пак Исланд ќе се обиде да не ја заврши сезоната со максимални шест порази.
Двете селекции не се во посакувана форма, па затоа и не треба да се очекува атрактивен меч. Големи се шансите да одлучува еден гол, како што беше во Рејкјавик, каде што Гордиот Албион триумфираше со минимални 1-0. Покрај тоа што Исланд има пет порази во низа, гостите имаат катастрофален учинок од само три постигнати гола, а примени 13 во петте меча досега.
Англија секако поседува повеќе квалитет, но селекторот Саутгејт како да не го користи максимално, што е уште една причина што Англичаните нема да бидат меѓу четирите селекции кои ќе се борат за меѓународниот трофеј кој го брани Португалија.
Предлог тип: 1 & 0-3 (1.88)
(6109) Полска – Холандија (20:45)
И Полјаците и Холанѓаните имаат свои пресметки преку кои може да избијат на првото место во групата 1. Во случај Италија да загуби на гости кај БиХ, евентуална победа за Полска или Холандија ќе значи пласман во плејофот во ЛН.
Лалињата засега се втори со 8 бода, еден помалку од Аѕурите, а Полјаците следуваат со седум бода. Еден гол одлучи на првата средба во Амстердам, Бергајн ги израдува Лалињата, а сега откако со новиот селектор Де Бур конечно запишаа прв триумф во пет меча, ќе сакаат во добро светло да го завршат натпреварувањето.
Се очекува тврд меч со тактичко надмудрување, а една грешка може да биде фатална и да го издвои победникот.
Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.70)