Младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово на кои забележа еден нерешен резултат и еден пораз.
На првиот меч во Подујево резултатот беше 1-1, откако Косово поведе во првиот дел, а Албион Муслиу донесе израмнување за Македонија во 73-тата минута.
На вториот меч Косово ги победи нашите младинци со 2-1. Македонија го отвори резултатот преку Хисар Али во 21-вата минута со прекрасен погодок од далечина, но домашните два погодоци во самиот финиш од мечот направија комплетен пресврт.