Реми како победа, македонското храбро срце уште еднаш покажа дека никогаш не се предава (Фотогалерија)

Македонската ракометна репрезентација одигра 29:29 против Австрија во меч на којшто постигнавме гол буквално во последната секунда.

Ова е второ реми за Македонија на ова првенство (одигравме нерешено и против Унгарија) и покажавме дека не се плашиме од ниту еден ривал. Македонија славеше над Гвинеја, а единствено загуби од Холандија, и тоа по срамното судење на арбитрите од Данска.

Следниот ривал на Македонија е Катар, а дуелот ќе се игра в четврток, од 15:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести