Атлетико Мадрид со конечни 1-1 ремизираше на гостувањето кај Жирона. „Јорганџиите“ имаа шанса да избијат на врвот на табелата во Ла Лига, меѓутоа одличниот тим на Жирона беше рамноправен противник.
Домаќините имаа водство до 82-та минута од мечот. Пред крајот на првото полувреме, Кристијан Стуани ја продолжи голгетерската форма во шпанскиот шампионат, од белата точка го постигна 11-от погодок сезонава. Избраниците на Диего Симеоне стигнаа до посакуваниот израмнувачки гол по еден одличен контра-напад во изведба на Гриезман и Коста.
Французинот испрати топка во простор за Коста преку цел терен, а со помош на Рамалјо „јорганџиите“ израмнија за конечни 1-1.
https://www.dailymotion.com/video/x6y8af4