Рома и Интер ремизираа при конечни 2-2 во дербито на 34-тото коло во Серија А. Избраниците на Пауло Фонсека по четири години не успеаја да триумфираат на „Олимпико“ во меч против Нераѕурите, кои пак повторно се вратија чекор назад во обидот да го стигнат лидерот Јувентус на табелата.
https://twitter.com/CoppaVids/status/1284941730857529346
Интер прв го зададе ударот и преку Де Вреј поведе со 1-0 во 15-тата минута. Се чинеше дека тимот на Конте на паузата ќе оди со водство, но сепак Спинацола имаше други планови и израмни пред истекот на првото полувреме.
https://twitter.com/1xSoccer/status/1284950198696005632
Рома го појача темпото во продолжението, па следуваше пресврт во резултатот кој го оствари Мхитарјан во 57-мата минута. Сепак, Лукаку го спаси Интер од пораз со реализираниот пенал во 87-мата минута.
https://twitter.com/1xSoccer/status/1284957969113808900
Интер по ова коло застанува на второто место со 72 бода, пет помалку од лидерот Јувентус, а еден повеќе од Аталанта. Рома и натаму е на петтата позиција со 58 бода, два повеќе од Наполи.