21.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Реми на Шкупи против Тиквеш со кое направи чекор назад во трката за титулата

Во денешната дерби пресметка од 28-то коло во Првата фудбалска лига, Тиквеш и Шкупи одиграа без голови, по што шампионот Шкупи направи чекор назад во трката за титулата.

Шкупи по ремито против Тиквеш, остана на третото место на табелата со 46 бода, дури седум помалку од лидерот Струга Трим Лум и четири од второпласираната Шкендија.
Тиквеш е седми со 31 освоен бод.

Ремито на Шкупи го искористи Силекс кој благодарение на голот на Манасиевски во третата минута, со 1:0 ја совлада Македонија ЃП и му се доближи на шампионот на само три бода.

Работнички оствари минимална победа на гостувањето кај Победа. Стрелец на единствениот гол беше Маркоски во 31-та минута, додека Скопје и Академија Пандев ремизираа играјќи 1:1. Пандевци поведоа преку Крстевски уште во втората минута, но Скопје во вториот дел, со голот на Омерагиќ во 59-та минута, успеаја да освојат бод.

Резултати, 28. коло:
Скопје – А. Пандев 1:1
Победа – Работички 0:1
Силекс – Македонија 1:0
Тиквеш – Шкупи 0:0
Брегалница – Шкендија 0:1

Табела: Струга ТЛ 53, Шкендија 50, Шкупи 46, Силекс 43, Брегалница 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 31, Работнички 31, А. Пандев 23, Скопје 19, Победа 13.

- Оглас -

Најнови вести