Реми против Италија во вториот контролен натпревар во Ескишехир

Машката ракометна селекција на Македонија извлече реми во подготвителниот дуел против Италија при конечни 26:26. Дуелот кој се одигра во Ескишехир  во рамки од ЕХФ неделата, нашите ракометари во финишот се спасија од пораз надополнувајќи два гола разлика преку Мишевски и Попоски.

Аѕурите подобро ја отворија средбата во воведните десетина минути, но Македонија за брзо ја анулираше нивната предност од 6-4, за до паузата да се игра од гол за гол без одвојување при 12-12. Италијанците стигнаа до највисока предност од 22-17 по 15 минути во вториот дел, а подмладениот состав на селекторот Брестовац сепак успеа да се врати во мечот и да остане непоразен по вчерашниот триумф над Турција.

Со осум погодоци, Поповски се истакна како најдобар стрелец во нашите редови, играчот кој од пенал во последните секунди ги постави конечните 26:26. На Македонија и преостануваат уште два контролни меча кои ќе ги одигра во Скопје, а во СЦ „Борис Трајковски“ задутре ќе гостува селекцијата на Грузија.

- Оглас -

Најнови вести