Првиот меч од денешната програма на Европското првенство помеѓу Португалија и Норвешка,започна со спектакуларно реми со 70 гола, 35-35. Ваквиот исход веројатно ги испрати дома и двете селекции, со оглед дека по четири кола имаат по три бода, а Германија, Франција и Данска имаат по четири од три меча.
И двете селекции треба да жалат за испуштената победа бидејќи Норвежаните во текот на целиот меч имаа водство, но Португалија направи пресврт во финишот, имаше и напад во последната минута, кој не го реализираа, па останаа десеттина секунди и за Норвешка, но повторно немаше гол.
На крајот веројатно најреално реми на првиот денешен меч во Хернинг.
Фраде со 11 гола беше најефикасен на натпреварот, додека во составот на Данска најмногу голови постигна Педерсен – 10.

