Ајнтрахт Франкфурт беше на прагот на важна победа против Борусија Менхегладбах, со голот на Да Коста од финишот на првото полувреме долго водеше со 1-0, но гостите успеаја да освојат еден бод со погодокот на Закарија во финишот.
Двете екипи играат одлично сезонава во Бундеслигата, но се чини дека ремито најмалку им одговара во битката за позиции кои водат во Лигата на шампионите.
Борусија остана на третата позиција со 43 бода, а Ајнтрахт падна на шестото место со 34 бода по 22 кола во германското првенство.