Реал Мадрид и Челзи ремизираа 1:1 со голови во првото полувреме, во првото полуфинале во Лигата на шампионите, што се одигра вечерва во Мадрид.
Сè што беше интересно се случи до 30-тата минута, кога беа постигнати и головите. Кристијан Пулишиќ, кој се покажа како одличен џокер на Томас Тухел во првата постава на Челзи, погоди за 0:1 во 14-тата минута.
https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1387123212560052232?s=20
Гостите од Лондон и претходно имаа одлична шанса да поведат на „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, но Тимо Вернер промаши чист зицер од 4-5 метри во 10-тата минута, а ударот му го одбрани Тибо Куртоа.
Со силниот дожд што почна да паѓа во Мадрид во првото полувреме се разбуди и домаќинот, а Карим Бензема најпрво ја погоди рамката од голот, а потоа на атрактивен начин во 29-тата минута израмни на 1:1.
https://twitter.com/takwisahnun/status/1387145625926516739?s=20
Во второто полувреме и двете екипи играа попретпазливо, па немаше голови и реваншот на 5 мај на „Стемфорд бриџ“ во Лондон ќе почне со 1:1.
Утре стартува и второто полуфинале, а во Париз, Пари Сен Жермен ќе му биде домаќин на Манчестер сити од 21 часот. Реваншот во овој двомеч ќе се игра на 4 мај во Манчестер.