Френк Илет пред точно 392 дена вети дека нема да се шиша додека Манчестер јунајтед не победи на пет натпревари во серија. Деновиве беше во центарот на вниманието, бидејќи „црвените ѓаволи“ имаа серија од три победи по ред, над Сандерленд, Ливерпул и Брајтон, но попладнево иако имаа водство, сепак, на крајот се спасуваа од пораз кај Нотингем форест.
Тоа би значело дека Илет ќе почека најмалку до следниот месец за шишање, со оглед на тоа дека Манчестер јунајтед ќе игра само натпревари од првенството, а следните пет се против Тотенхем, Евертон, Кристал палас, Вест хем и Вулверхемптон.
Илет веќе е цел на шеги на социјалните мрежи, а многумина го обвинуваат дека е „баксуз“ поради неговото ветување.

