Ремс имаше 20% посед на топка, но му даде три гола на Олимпик Марсеј

Фудбалерите на Ремс приредија големо изненадување и на домашен терен го совладаа фаворизираниот Олимпик Марсеј со 3-1, во натпревар од 27-то коло во француската Лига 1.

Марсеј имаше 80% посед на топката, изведе 11 корнери, Ремс ниеден, и доминираше во сите параметри – освен во најважниот, во постигнати голови.

Ремс го одигра мечот перфектно на тактички план, казнувајќи ги сите грешки на гостите преку брзи контри и транзиции. Накомура го отвори резултатот во 29-та минута, Дијаките зголеми на 2-0 во 52-та минута, а младата надеж Атангана Едо го доведе мечот до 3-0 во 69-та минута.

Марсеј успеа само да го ублажи поразот со погодокот на Ронжие во 78-та минута.

Со оваа победа, Ремс се искачи на 15-то место со 26 освоени бодови и направи важен чекор во борбата за опстанок. Марсеј остана второпласиран со 49 бодови, но нивната позиција е загрозена, бидејќи Монако и Ница имаат шанса да ги прескокнат.

- Оглас -

Најнови вести