7.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Рен покажа сила против ПСЖ и го нокаутираше шампионот (Видео)

Францускиот првак Пари Сен Жермен го претрпе третиот пораз сезонава во домашното првенство откако со 3:1 загуби на гостувањето кај Рен, во меч од 22 коло. По овој пораз, ПСЖ остана на 51 бодови и може да го загуби лидерското место, доколку Ленс утре победи на гостувањето против Париз.

Рен имаше три порази и едно реми во последните четири кола, но во вистински момент се вратија на победите и тоа над актуелниот европски и француски првак. Радоста за домаќините во првото полувреме ја најави Муса Тамари со погодокот во 34 минута. Голот на Рен за водство од 1:0 може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Рен поведе со 2:0 со погодокот на Лепол во 69 минута. Дембеле даде надеж на ПСЖ откако ѕвездата на Светците погоди во 72 минута и тој гол може да го видите ТУКА.

И покрај примениот гол, фудбалерите на Рен не се збунија, туку повторно нападнаа. Швајцарскиот репрезентативец Брил Емболо со погодокот во 81 минута стави крај на сите надежи за ПСЖ зголемувајќи на 3:1 и тој погодок може да го видите ТУКА.

Рен сега има 34 бодови и моментално е на петото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести