Њујорк ренџерс конечно победи на натпревар во регуларен дел откако со 5-2 го совлада тимот на Флорида. Ренџерите се најдоа во негатива по првиот период, но во втората третина пружија отпор постигнувајќи три гола, на два пати го искористија играчот повеќе на теренот со головите на Зибанејад и Зукарело.
Во одлучувачкиот период пантерите се обидуваа да се вратат резултатски, но ризикот да го остават голот празен само ги влоши работите за нив, па така примија уште два гола.
Ајкулите од Сан Хозе ја прекинаа серијата од пет победи во низа на Нешвил, и тоа на нивен терен со 5-4. Иако домаќините по два периоди имаа предност од 4-2, хокејарите на Сан Хозе не се предадоа и со три гола за помалку од пет минути направија пресврт, што воедно значеше и голема победа за нив.
Резултати НХЛ:
Колумбус блу џекетс – Аризона којотс 1-4
Њујорк ренџерс – Флорида пантерс 5-2
Монтреал канадиенс – Калгари флејмс 3-2
Отава сенаторс – Бостон бруинс 1-4
Нешвил предаторс – Сан Хозе шаркс 4-5
Чикаго блекхокс – Анахејм дакс 3-1
Далас старс – Лон Анџелес кингс 4-2
Едмонтон ојлерс – Питсбург пингвинс 5-6 (по продолжение)