Бојан Миовски наскоро ќе се приклучи на Ренџерс и ќе стане нивното 11-то летно засилување. Поранешниот миленик на навивачите на Абердин добива опција за нов почеток во Шкотска, по лошиот период кој го имаше во шпанското првенство, каде многу почето беше на клупата, отколку на теренот во дресот на Жирона.
Шпанскиот тим го купи Миовски за трансфер од речиси седум милиони фунти, на сега Ренџерс ќе го откупи неговоиот договор за сума од 2,6 милиони фунти. Трансферот може да се зголеми на 4,2 милиони фунти со евентуалните бонуси.
Миовски има одлично искуство во шкотскиот фудбал, затоа што за две сезони поминати во дресот на Жирона постигна 44 погодоци во сите натпреварувања. Сепак, минатата сезона му беше многу лоша и даде само четири гола во 24 настапи за шпанската Жирона.