Ренџерс направи чудо што само еднаш е видено во Дортмунд

Борусија Дортмунд испадна во групната фаза од Лигата на шампиони, а сега е и пред елиминација во Лигата на Европа. Милионерите на свој терен во Дортмунд загубија од Ренџерс со 2:4.

Гостите од Шкотска одиграа неверојатен меч, на полувреме водеа со 2:0, а само по 54 минути веќе четири пати ја тресеа мрежата на домаќините. Борусија пред крајот намали на 2:4, но германскиот тим останува со минимални шанси пред реваншот во Глазгов.

За Борусија ова беше само вторпат во клупската историја да прими 4 гола во натпреварување на УЕФА. Претходно тоа им се случи во 2016 година на меч од Лигата на шампионите, кога во голеада, Борусија со 8:4 ја победи Легија Варшава.

- Оглас -

Најнови вести