Ренџерс не дозволи Селтик уште вечерва да прослави титула во Шкотска

Глазгов ренџерс го победи Данди со 5-2 и барем до утре ја одложи промоцијата на ривалот Селтик за првак на Шкотска за оваа сезона.

Данди водеше со 2-0 по 40 минути игра и можеби гостите помислија дека ќе победат на „Ајброкс“ по пауза од 23 години, но Ренџерс до полувреме намали на 1-2, а потоа во вториот дел направи целосен пресврт.

Ренџерс има три бода помалку од Селтик, но и само еден меч за играње, за разлика од Селтик, кој има два. Утре Селтик гостува кај Килмарнок и ако победи или одигра нерешено, ќе ја прослави новата титула.

- Оглас -

Најнови вести