9.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Ренџерс не смее и трети пат сезонава да загуби од Хартс

1304 Рајо В. – Атлетико М. (16.15 часот)

Атлетико ја прегази Барса во купот, па во еуфорично расположение одат на „Валјекас“ каде ги чека тврдата екипа на Рајо. Атлетико освои само еден бод во претходните две кола во Ла Лига и ако сака да се врати на трета позиција на табелата, треба да победи во ова мало градско дерби. Рајо има три порази по ред, трети е од долу на табелата и му се заканува испаѓање, а игра со тим кој дома не го совладале 13 години. Рајо дома има дури шест ремија на досегашните десет меча, а Атлетико има пет нерешени игри на 11 гостувања.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.91)

 

1808 Лајпциг – Волфсбург (17.30 часот)

Црвените бикови се борат за место во ЛШ и мора да победат против тимот кој е во лоша форма и има серија од три порази по ред. Лајпциг дома нема ниеден нерешен резултат сезонава, а од последните четири средби на свој терен, имаат дури три порази. Волфсбург гостуваше 10 пати и најчесто губеше или победуваше, има само едно реми. Есеноска во Волфсбург, Лајпциг победи со 1-0, а истиот резултат беше и лани кога овие два тима последен пат се сретнаа во Лајпциг, тогаш во купот на Германија.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.84)

 

1129 Арсенал – Виган (17.30 часот)

Топчиите од Лондон се апсолутни фаворити во оваа пресметка од 16-финалето на ФА купот. Дополнителен проблем за Виган е што средбата се игра на „Емирејтс“, тешко дека Арсенал ќе прими гол. Виган е третолигаш (играат во Лига 1), а и во таа конкуренција лошо му оди, одамна нема победа, чудо би било да постигне гол против лидерот на Премиер лигата. Последниот меѓусебен дуел на овие клубови беше во 2013 година, тогаш Арсенал победи со 4-1.

Предлог тип: 1 & 2-3 пол. (2.03)

 

1161 Ренџерс – Хартс (17.30 часот)

Хартс е лидер во шкотската лига со пет бодови предност пред Ренџерс, па ако слави вечерва во Глазгов, ќе потврди дека е прв фаворит за титулата и прекин на четиридецениската доминација на Селтик и Ренџерс. Ренџерс нема друг избор освен да оди на победа и да ја намали негативата. Секако мора да се мисли и на Селтик, кој има бод помалку од Ренџерс, а и еден меч помалку. Тимот на Миовски има само два порази сезонава (двата од Хартс), но и дури 10 ремија.

Предлог тип: & 1-3 (1.97)

 

3010 Наполи – Рома (20.45 часот)

Ова е дерби на двата најдобри тима од југот на Италија. Наполи има три бода повеќе од Рома. Волчицата е тим кој има само едно реми во 24 кола, а тие се и тим со најмалку примени голови во Серија А, па Наполи го чека цврст бункер против себе. Наполи дома нема пораз, а Рома на гости нема нерешено. Рома осум години не победила во Неапол, а есеноска на „Олимпико“ беше 1-0 за Наполи со гол на Нерес кој вечерва ќе го нема во составот на тренерот Конте.

Предлог тип: време на прв гол 30-90 мин. (2.09)

- Оглас -

Најнови вести