Рендл ќе блеска против „сонцата“ од Феникс

Џулиус Рендл (Њу Орлеанс пеликанс- Феникс санс, НБА, 00 часот)

Крилото на Њу Орлеанс е се чини единствената светла точка во хаотичните моменти кај Пеликанс. Ентони Дејвис има ограничена минутажа, Џру Холидеј е повреден, па прва опција за поени е 24-годишниот кошаркар, родум од Далас.

Рендл блескаше ноќеска со 45 поени на дуелот со Портланд, но Њу Орлеанс загуби. На ред е дуел со Феникс санс, а и двете екипи се во аут и нема да играат во плејофот, па се очекува супер ефикасен меч.

Таквиот развој на настаните комплетно му одговара на Рендл, кој знае честопати лесно да ја мине и границата од 30 поени.

Во додатокот за НБА лигата на Sport Life понудената граница за поени на Рендл е 23.5 што е сосема достижно за 206 сантиметри високото крило на Пеликанс.

Предлог тип: Рендл > 23.5 (1.87)

 

Девин Букер (Њу Орлеанс пеликанс- Феникс санс, НБА, 00 часот)

Од овој меч ќе понудиме уште еден кошаркар за кој сметаме дека може да одигра ефикасен меч. Девин Букер е еден од најдобрите млади бекови шутери во НБА лигата.

Има само 22 години, а веќе е ударна игла на Санс и е прв стрелец на тимот што сезонава игра слабо. Букер и Ајтон се единственото позитивно во мизерната НБА одисеја на Феникс.

Букер е одличен шутер, знае рафално да постигне голем број на поени за кус период, а границата од 26.5 поени е сосема достижна за него.

Предлог тип: Букер > 26.5 поени (1.85)

 

Денвер нагетс – Индијана пејсерс (НБА, 02 часот)

Денвер бие битка за првата позиција на Западот во НБА лигата и има шанси да го мине шампионот Голден стејт на крајот од регуларниот дел на сезоната.

Нагетс имаат одлично избалансиран тим, што им задава многу маки на ривалите во најсилната кошаркарска лига на светот. Јокиќ, Мареј, Милсеп и останатите кошаркари имаат штоф за да стасаат далеку и во битката за титулата.

Индијана врза две победи по ред, моментно го дели третото место во Источната конференција со Филаделфија, но не игра добро во последниот период. Многу им недостасува првиот поентер Виктор Оладипо, па голем товар паѓа на Бојан Богдановиќ и на ветеранот Дарен Колисон во офанзивата. Одличен и Мајлс Тарнер, но според нас Денвер е подобар состав и ќе победи.

Предлог тип: 1-1 (1.82)

 

Јута Џез – Бруклин нетс (НБА, 02 часот)

Јута Џез тешко губи на свој терен, а епитетот дека се домашна екипа ги бие уште од златните времиња на Карл Мелоун и Џон Стоктон.

Популарните џезери и сега имаат одличен состав предводен од младата НБА ѕвезда Донован Мичел.

И гостите по долг период огромни вложувања на рускиот тајкун Прохоров конечно имаат тим за плејоф, а ги предводи бекот Деанџело Расел.

И интересно моментно и двете екипи се на седмата позиција во двете конеференции и не се сигурни за настап во плејофот, иако имаат големи шанси.

Очекуваме меч со помалку поени од пнудената граница од 218.5 поени.

Предлог тип: < 218.5 поени (1.90)

 

Отава сенаторс – Торонто мејпл лифс (НХЛ, 00 часот)

На ред е канадското дерби, овојпат без значење за домашната екипа, која е меѓу најслабите во НХЛ лигата.

Торонто за разлика од Отава сигурно чекори кон плејофот, а се бори за втората позиција во Источната конференција. Гостите се фаворити, тие се втората најефикасна екипа на Истокото, зад лидерот Тампа Беј, а ноќеска им требаат голови за победа.

Отава е тимот со најмногу примени погодоци, против Торонто немаат императив, па очекуваме ефикасен меч и двојка на Торонто. И последните меѓусебни дуели им се во тој тренд со доста голови, па ќе типуваме комбиниран тип, гостинска победа комбинирана со најмалку пет погодоци.

Предлог тип: 2&5+ (1.87)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести