Ренесансата на Лацио ќе продолжи и во Фиренца?

3739 Фиорентина – Лацио (20.45 часот)

Мечевите на Виолетовите сезонава не изобилуваат со погодоци, Фиорентина е еден од тимовите и со најмалку дадени и со најмалку примени голови во Серија А. Лацио има уште подобра одбрана, а два и пол пати повеќе постигнати голови, а римјаните имаат и три победи по ред. Ако победи, Лацио ќе им се придружи на Милан и Удинезе како најблиски следачи на Наполи и Аталанта. Фиорентина сезонава нема пораз на свој терен, но во минатата сезона, Лацио победи во Фиренца со 3-0.

Предлог тип: Х2 & 2+ (2.07)

 

2899 Сошо – Сент Етјен (20.45 часот)

За Сошо, во минатото коло заврши серијата од четири победи по ред, а тие се тим кој има само едно реми во десет кола во француската втора лига. Сент Етјен е во долниот дел на табелата, а од десетте кола, дури пет пати играа нерешено. Двата тима имаат дадено по 18 гола, но големата разлика е во одбраните, Сошо прими само 7, а Сент Етјен 19 гола. Овие тимови одамна немаат играно меѓусебе, па традицијата и не е некој значаен фактор.

Предлог тип: ГГ (1.80)

 

1153 Нотингем Форест – Астон Вила (21.00 часот)

Некогашните европски шампиони сега се само просечни премиерлигаши, но знаело да биде и полошо. Форест е во криза, има четири пет порази по ред, последен е на табелата со само 4 бода во 8 кола. Астон Вила излегува од криза, иако е 16-та на табелата, има серија од три меча без пораз. Ова е дуел на две многу неефикасни екипи. Вила победуваше на своите две последни гостувања во Нотингем, тогаш беа дуели од Чемпионшип.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

1406 Елче – Мајорка (21.00 часот)

Елче е најслаб тим во Ла Лига, има само еден освоен бод во седум кола, со најмногу примени голови се, ги немаат на располагање повредениот Пасторе и суспендираниот Верду, но со нов привремен тренер се надеваат на подобри резултати. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи беа со 3+ голови. Гостувањата во Елче се традицонално незгодни за Мајорка, па гостите имаат и мотив плус.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (3.15)

 

4249 Атлетико ГО – Палмеирас (23.30 часот)

За домашните, овој меч доаѓа во момент кога имаа две победи по ред и полека бегаат од самото дно на табелата во бразилската Серија А. Палмеирас е најсилен тим во Бразил во моментов, тоа го потврдува и предноста од девет бода во однос на вториот Интернасионал. Палмеирас во 30 кола има само два порази. Бодовите повеќе му требаат на Атлетико Гојаниенсе за избегнување на преселба во втора лига. На последните два меча против Атлетико ГО, Палмеирас даваше по четири гола.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести