Ренова како гостин го победи ерменски Алашкерт со 1-0 и се пласираше во второто коло од квалификациите во Лига Европа. Гипсарите беа сметани за аутсајдери, но добро се бранеа, а успеаја и да постигнат гол кој ги однесе во следната фаза.
Од Шкендија се очекуваше да победи во Азербејџан кај Сумкајит и успеа да ги оправда очекувањата. Шкендија победи 2-0, двата гола паднаа од пенали во второто полувреме. Стрелци беа Бесарт Ибраими и Љупчо Дориев.
Шкупи загуби од азербејџански Нефтчи со 1-2. Дарбо со 93-та минута го даде почесниот гол за чаирчани.
Пласман во следното коло обезбеди и Силекс, кој испадна од квалификациите во ЛШ, како и романски Ботошани и албанска Теута кои имаат по двајца македонски интернационалци во нивните редови.
Погледнете го голот на Ненад Мишковски со кој Ренова го победи Алашкерт: