Ренова сака да стигне до хет-трик во победи денеска на гостувањето кај Работнички, во премиерниот меч од деветтото коло во македонската Прва лига.
Од 15 часот на националната арена „Тодор Проески“ популарните Романтичари ќе бидат домаќини, што им дава предност во обидот тие да не дозоволат хет-трик без триумф.
Кризата кај еден од најтрофејните клубови кај нас е очигледна, а Работнички неочекувано е претпоследен само со 7 бода на 8 натпревари.
„Имаме лош старт и се трудиме тоа да го исправиме во од. Играме добро, но реализацијата не е на посакуваното ниво, а тогаш и бодовите изостануваат. Ренова е квалитетен тим составен од искусни прволигашки фудбалери, но ние едноставно мораме да атакуваме на трите бода. Бодовите ни се многу потребни и ќе сториме сè за да ги освоиме“, вели тренерот Александар Влахо за клупскиот сајт.
Ренова по серија од три порази, сега е во победнички тренд, откако во последните две кола ги надигра Македонија Ѓ.П и Борец.