11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Реновираната сала на Работнички ќе биде пуштена на 13-ти декември против МЗТ!

Актуелниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во видео на социјалните мрежи објави дека салата на Работнички, „Градски парк“, која се реновира, ќе биде пуштена за дербито против МЗТ Скопје Аеродром на 13-ти декември.

Имаше најави дека салата ќе биде готова во почетокот на октомври и дека Работнички сезонава своите домашни мечеви ќе ги игра во својот вистински дом, а сега има и конкретен датум како цел за прв натпревар во реновираниот објект.

Нема поубав повод за отворање на салата од најголемото кошаркарско дерби во Македонија, а Герасимовски кој се бори за втор мандат во Центар, оптимистички најави и победа на Работнички над МЗТ на тој меч.

Инаку култната сала „Градски парк“ ќе биде со намален капацитет, ќе има околу 900 места за седење, но ќе добие подно греење и помодерен лик.

- Оглас -

Најнови вести